пребарај ја страната
25.05.2016.

CONVERSE PRO LEATHER - БЕЛА КЛАСИКА ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА

Дизајнот на новите Converse PRO Leather патики нема да ве изненади, но тоа е и она што вистински ќе ве придобие. Ова е една од оние ретки класики која е подеднакво IN денес како што била пред десет години и ќе биде за десет години. И секако, не заборавајте дека оваа пролет белата боја и понатаму останува високо на тронот.

Удобноста на силуетата е резултат на долгогодишната традиција на највисоки стандарди ширум светот. Оваа конкретна варијанта, инаку изворен модел на Converse PRO Leather, била носена од најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, додека пак кошаркарските икони како Џулиус Ервинг, Лари Берд и Меџик Џонсон со нив освојувале NBA титули. Носејќи ги денес овие ниски, casual модели оддаваме почит не само кон историјата на секој изоден чекор, туку и кон секој нов чекор испраќајки порака која нам ни е на ниво на стил и на применливост. Совршеноста секогаш на прво место!

Патиките се совршени за секојдневно носење, а нејзината елегантна функционалност ги прави подеднакво атрактивни од улиците на дождливиот Лондон до топлите калифорниски асфалти. Наменети се за сите љубители на неформалниот стил на облакање, а со малку повеќе храброст можете да ги носите и на формални прилики. Покрај се, има ли нешто поурбано од бели old-school патики на фармерка и сако?

Белата боја на патиките, разбиена со зелени или тегет детаљи на петите и на врвот на јазикот, пропратена со препознатливата Converse ѕвезда во прљаво-бела боја го заокружува минималниот стил на овој класичен дизајн. Повелете и побарајте ја ексклузивно во BUZZ SNEAKER STATION продавницата.

 

слично

07.
Apr.
2017.
Nike Air Jordan IV Retro „Motorsport“ e долго очекуваното реиздание на еден од најретките изаданија на AJ IV модели од 2006 година поврзано со Jo...
16.
Mar.
2017.
Nike за новата сезона подготви нов Premium пакет во кој ги вклучи трите најпопуларни ретро модели Nike Air Force, Air Max 90 и Air Huarache.
10.
Nov.
2016.
Сакате да носите нешто што е доволно свечено за капут, но доволно удобно за целиот ден? Ви се наметнува страта изрека „патика-чизма“! 
01.
Nov.
2016.
Asics GEL LYTE V е модел кој на светскиот пазар се појави во 1993 година, но на свoето реиздание чекаше цели 20 години, така да во 2013 година повт...
20.
Sep.
2016.
"Патиките ги дизајнирав со цел да бидат многу поедноставни, задржувајќи ги само најнеопходните делови", ова се зборовите на Dylan Raasch