пребарај ја страната
26.05.2016.

AIR JORDAN IV “DUNK FROM ABOVE“

Jordan 4 е уште едно грандмастер издание на дизајнерот Тинкер Хатфилд, кој првите почетоци ги направил уште во 1989 година, кога ги лансирал и првите Jordan патики на светскиот пазар. Кога станува збор за моделот четири, ова е модел од пакетот "DUNK FROM ABOVE", во кој спаѓаат  и Air Jordan 5 Low и Air Jordan 1. 

Air Jordan 4 ''Dunk From Above'' остана веродостоен на својот првенец, со тоа што нема големи измени во оригиналниот модел, освен во поставеноста на логото на Jumpman кој сега  е поставен на местото каде што претходно беше логото на NIKE на долниот дел од ѓонот.  На Heel-Tab-u на петата, како и во внатрепноста на патиката истотака е поставенло логото на Jumpman. Кај јазикот нема направено промена, односно сеуште стои зашиен квадрат, направен од текстил и логото FLIGHT. 

Долниот и горниот дел на јазикот се направени од платно и странични отвори за вентилација, што овозможуваат целосно проветрување на стапалото.  Важно е да се напомене дека преку тие делови на страничните панели и на самиот јазик се наоѓа мрежа во бела боја што придонесува за естетскиот изглед на патиките, а воедно има улога и на дополнителна потпора во одржување на стапалата. 

Од средината па се до задниот дел на ѓонот поставен е проѕирен airlock (AIR BUBBLE) кој може да се забележи од двете страни, чија цел е намалување на отпорот на зглобовите при било каква активност за време на носењето на патиките, особено при скокови. Ѓонот е изработен од стандарден мек дел (midsole) во бела боја, и мека гума и на outsole.

Треба да се напомене дека ова издание е прво на пазарот во оваа боја и е посветено на Мајкл Џордан – неговото надигрување и закуцување преку многу NBA играчи, истото е претставено преку сината боја како симбол на небесна сфера. Овој тип на патики веќе одамна ја надминалe својата употреба, и не е проблем да се искомбинира со добри фармерки, а не се пропушта можноста и да се употребат на терен како би можеле и вие да го почуствувате моментот на ''dunk from above“.

слично

07.
Apr.
2017.
Nike Air Jordan IV Retro „Motorsport“ e долго очекуваното реиздание на еден од најретките изаданија на AJ IV модели од 2006 година поврзано со Jo...
16.
Mar.
2017.
Nike за новата сезона подготви нов Premium пакет во кој ги вклучи трите најпопуларни ретро модели Nike Air Force, Air Max 90 и Air Huarache.
10.
Nov.
2016.
Сакате да носите нешто што е доволно свечено за капут, но доволно удобно за целиот ден? Ви се наметнува страта изрека „патика-чизма“! 
01.
Nov.
2016.
Asics GEL LYTE V е модел кој на светскиот пазар се појави во 1993 година, но на свoето реиздание чекаше цели 20 години, така да во 2013 година повт...
20.
Sep.
2016.
"Патиките ги дизајнирав со цел да бидат многу поедноставни, задржувајќи ги само најнеопходните делови", ова се зборовите на Dylan Raasch