пребарај ја страната
05.07.2016.

Air Max 95 Denim Pack

Визуелниот изглед на Air Max 95 креиран од Серџио Лозано е базиран на човечката анатомија (материјалите од страната на моделот симболизираат кожа, ребра и жили). Овој модел е првиот модел кој вклучува 2 воздушни перничиња во ѓонот  и претставува револуционерна технологија за тоа време.

Дизајнот на Серџио Лозано за Air Max 95 e доволно легендарен да си креира сам свои митови. Тoа е патика која значи различни работи на различни субкултури, за некои е нешто најскапоцено, за други е супер смешно. Со лошата репутација дека е патика на криминалци, овој модел остана популарен низ светот поради невообичаениот изглед за тоа време. Иако 95 стана прекар по кој овој модел се разликува од другите Air Max, oригинално овој модел според оригиналните кутии од 1997 година e означен како Air MAX SC (кратенка за Sports Classic).

Nike објавија дека оваа година моделот Air Max 95 е вклучен во премиум дизајните,nајновиот пар вклучува премиум деним горен дел со светло кафени акценти како и бела линија од страните. Скриените 3М акценти низ моделот и гумениот ѓон го прават уште покул и впечатлив.

Кире

 

слично

28.
Jun.
2017.
„Трчав три години, два месеца, 14 денови и 16 часови. Прилично сум уморен, мислам дека сега ќе си одам дома”. Ја запамтив оваа речениница уште о...
21.
Jun.
2017.
Ќе пробам на најлесен начин да ви кажам се што можам за TUBULAR, како новост во светот на патиките, а паралелно ќе ги навестам малите разлики измеѓу него и T...
14.
Jun.
2017.
Здраво луѓе. Помина многу време од мојата последна сторија, но тука сум пак.
07.
Jun.
2017.
Лично, јас сум тип на девојка за Air Jordan и Air Force патики. Но како можам да ги пропуштам обувките кои се потпишани лично од Rihanna. Ја имате единствена...
31.
May.
2017.
Во потрага по совршена летна патика наидов на Nike Air Huarache. Иако голем број луѓе, од тоа што можев да заклучам, секогаш ја избегнуваат и не ја ставаат н...