пребарај ја страната
02.09.2016.

ASICS GEL RESPECTOR

Летото полека изминува, а креаторите на ASICS не спијат, будно ја пратат ситуацијата и се трудат да го понудат најдоброто за престојната сезона. ASICS компанијата извршила мало истражување во својата архива, а како резултат на тоа произлезе овој одличен модел GEL RESPECTOR кои во себе ги носи најдобрите карактеристики на ретро моделот од фамилијата на GEL, сега во нов "Mooncrater" пакет.

Добрата изработка на ѓонот е еден од атрибутите на овие патики. Препознатливиот SOLYTE MIDSOLE и неопходен OUTSOLE од AHAR материјал се одлични комбинација и полн погодок за долготрајност и отпорност. Тука е и STABILITY CRADLE - цврст додаток од легурна пластика во облик на буквата "U" кој е јасно изразен на задниот дел на патиките и дава стабилност на петата за време на носењето.

Горниот дел е нивниот адут, бидејќи на прв поглед доминира црно-сива комбинација на боја која е многу интересна на оваа патика. Одлично изработен суеде материјал на допир оставува убав отпечаток и и дава префинетост која дефинитивно има пресуден знак за lifestyle патиките како што е овој модел. Логотип ASICS на црниот дел е елегантно вклопен така да не се издвојува и убаво ја заокружува целата приказна. Врвките се округли и зацврстени во изработката, а на врвовите се пластифицирани, со испишан ASICS. Средишниот дел на дупките низ кои поминуваат врвките е зајакнат со пластика и тоа им дава фина нота на сериозност.

ASICS направиле одлична работа со овој модел GEL RESPECTOR, а ние нестрпливо дочекавме да го поставиме на нашите BUZZ полици

слично

07.
Apr.
2017.
Nike Air Jordan IV Retro „Motorsport“ e долго очекуваното реиздание на еден од најретките изаданија на AJ IV модели од 2006 година поврзано со Jo...
16.
Mar.
2017.
Nike за новата сезона подготви нов Premium пакет во кој ги вклучи трите најпопуларни ретро модели Nike Air Force, Air Max 90 и Air Huarache.
10.
Nov.
2016.
Сакате да носите нешто што е доволно свечено за капут, но доволно удобно за целиот ден? Ви се наметнува страта изрека „патика-чизма“! 
01.
Nov.
2016.
Asics GEL LYTE V е модел кој на светскиот пазар се појави во 1993 година, но на свoето реиздание чекаше цели 20 години, така да во 2013 година повт...
20.
Sep.
2016.
"Патиките ги дизајнирав со цел да бидат многу поедноставни, задржувајќи ги само најнеопходните делови", ова се зборовите на Dylan Raasch