пребарај ја страната
20.09.2016.

NIKE ROSHE TWO - НОВ ДИЗАЈН НА ПАТИКИ, ДИЗАЈНИРАН ВРЗ ОСНОВА НА ZEN ФИЛОЗОФИЈА

"Патиките ги дизајнирав со цел да бидат многу поедноставни, задржувајќи ги само најнеопходните делови", ова се зборовите на Dylan Raasch, дизајнерот на првиот Nike Roshe модел, кој бил инспириран од сопствениот ZEN мајстор, медитирајќи во zen градина. Roshe од секогаш била патика наменета за секој ден и во склад со тоа се формира целата филозофија на Roshe моделите: дизајнот е развиен токму врз основа на zen филозофија со едноставност во пораката која ја пренесуваат - Удобноста на прво место!

Примарна функција на овој модел е да пружат високо ниво на удобност, да може да се носи во текот на целиот ден и прилагодлива е на различни активности и прилики. Во склад со овој принцип, моделите се дизајнирани со внимавање на унапредување на клучна технологија на Roshe моделот, со што настанува Roshe Two моделот базиран на иновација која овозможува дополнителен комфорт.

Основни иновации на новите модели се зголемената удобност, која е добиена од иновативниот ѓон со индивидуални пресеци кои се прилагодуваат на секој чекор, овозможувајќи отпор на самата подлога. Дополнителна мемориска пена во средниот дел од ѓонот и редизајнирана влошка во патиките има за цел да ја олеснува секојдневната активност и да испраќа забрзан ритам на животот. "Ако вашите стапала не ве болат, откако цел ден ќе го поминете во патики, тогаш сме ја направиле вистинската работа" - гордо изјавил Raasch.

 Roshe Two моделот за горниот дел користи специјални материјали кои ја зголемуваат вентилацијата на стапалата и овозможуваат да се чуствувате пријатно во текот на целиот ден без оглед на периодот поминaт во движење

Кај Roshe Two Flyknit моделот, спиралното машинско плетење е изработено на различен начин од Roshe One моделите, со цел да направат поддршка соодветна на физиномијата на стапалата, но во исто време да даваат и различна и единствена естетска нота.

Новите Roshe Two колекцијата ја сочинуваат Roshe Two Flyknit  моделите и Roshe Two. Изберете го Вашиот Roshe Two.

 

слично

07.
Apr.
2017.
Nike Air Jordan IV Retro „Motorsport“ e долго очекуваното реиздание на еден од најретките изаданија на AJ IV модели од 2006 година поврзано со Jo...
16.
Mar.
2017.
Nike за новата сезона подготви нов Premium пакет во кој ги вклучи трите најпопуларни ретро модели Nike Air Force, Air Max 90 и Air Huarache.
10.
Nov.
2016.
Сакате да носите нешто што е доволно свечено за капут, но доволно удобно за целиот ден? Ви се наметнува страта изрека „патика-чизма“! 
01.
Nov.
2016.
Asics GEL LYTE V е модел кој на светскиот пазар се појави во 1993 година, но на свoето реиздание чекаше цели 20 години, така да во 2013 година повт...
13.
Sep.
2016.
Nike Air Max 90 прв пат е произведен во 1990 година со официјално име Air Max 3, во оригинална боја Hyvent Orange.Моделот кој сега ви го претставуваме е ново...