пребарај ја страната
01.11.2016.

ASICS GEL LYTE V

Asics GEL LYTE V е модел кој на светскиот пазар се појави во 1993 година, но на свoето реиздание чекаше полни 20 години, така да во 2013 година повторно како Ретро издание сместен е во редовната понуда. Оваа година за сезоната есен/зима од спектарот на различни модели се издвоија две комбинации на боја GoreTex пакети.

Asics Gel-Lyte V G-TX “Gore Tex Pack” се два модели изработени од премиум материјали на мазна и полирана кожа, GoreTex постава, синтетички материјали и workboot врвки.

Gel Lyte V е карактеристична по горниот дел во форма на чорап без јазик кој во потполност го опфаќа стапалото и ја прави патиката многу удобна. Моделот припаѓал во групата на патики за трчање, а денес неговата намена е во lifestyle моделите со голем спектар на бои и комбинација на материјали.

Ѓонот на патиката, познатиот GEL систем, осмислен е на почетокот на 80-тите години, а претставува силиконска капсула исполнета со гел (желатинска течност). Сместени се во внатрешноста на средишниот дел на џонот на местата каде што има најмногу оптоварување, а на овој модел во делот на петата и прстите. Системот делува така што вертикалното оптоварување се пренесува во хоризонтала низ комори кои се шират и на тој начин делуваат како апсорбер, се со цел да се подобрат перформансите за намалување на оптоварувањето на зглобовите и елиминирање на заморот.

На овој модел средишниот дел на ѓонот направен е од многу лесен пенаст материјал SOLYTE што ги прави патиките многу удобни, а надворешниот дел на подлогата направен е од цврста гума и е поделен на два дела, па средината на ѓонот е слободна што овозможува додатна флексибилност на патиката.

Моделите главно се изработени од различни кожи, а обложениот GoreTex материјал овозможува топла и сува средина во текот на сезоната за која е наменет. Ако сте се навикнале на удобноста на Asics моделите, сега својата омилена силуета можете да ја носите и во ладни денови, а во комбинација со Crep Protect спрејот за заштита од вода и маснотија, моделот може да биде сосема сигурен партнер.

слично

07.
Apr.
2017.
Nike Air Jordan IV Retro „Motorsport“ e долго очекуваното реиздание на еден од најретките изаданија на AJ IV модели од 2006 година поврзано со Jo...
16.
Mar.
2017.
Nike за новата сезона подготви нов Premium пакет во кој ги вклучи трите најпопуларни ретро модели Nike Air Force, Air Max 90 и Air Huarache.
10.
Nov.
2016.
Сакате да носите нешто што е доволно свечено за капут, но доволно удобно за целиот ден? Ви се наметнува страта изрека „патика-чизма“! 
20.
Sep.
2016.
"Патиките ги дизајнирав со цел да бидат многу поедноставни, задржувајќи ги само најнеопходните делови", ова се зборовите на Dylan Raasch
13.
Sep.
2016.
Nike Air Max 90 прв пат е произведен во 1990 година со официјално име Air Max 3, во оригинална боја Hyvent Orange.Моделот кој сега ви го претставуваме е ново...