пребарај ја страната
16.03.2017.

NIKE Premium Pack

Nike за новата сезона подготви нов Premium пакет во кој ги вклучи трите најпопуларни ретро модели Nike Air Force, Air Max 90 и Air Huarache.

Основна карактеристика на Premium пакетот се материјалите и деталите од кој е направен секој модел, во овој случај релјеф кој асоцира на кожа од рептил. Моделите се изградени во комбинација од кожа и синтетички материјали, неопрен и најлон.

Секој од моделите од овој пакет го одбележал различниот период од развојот на Nike. Во годините кога се појавиле биле најдобрите Performance модели, AF1 наменети за кошарка, и AM90 и Air Huarache за трчање. Денес, секој модел има своја публика и го задржува статусот на модел кој константно се произведува секоја сезона, односно се дел од постојаната Nike понуда.


Боите кои преовладуваат на моделите се Oatmeal/Khaki/Sail, заедничката технологија која има Air систем на AF1 и Huarache моделот кои се наоѓаат во капсулите во меѓуѓонот на патиките, додека на AM90 воздушната комора е видлива. Сите три модели поседуваат нова модел на влошка изграден од мемориска пена која овозможува целодневен комфорт.

Силуетата на патиките зборува самата за себе, совршените бои за пролетната сезона, а изборот е Ваш, како што гласи познатиот слоган на Nike, не размислувајте премногу „Just do it!“.

 

слично

07.
Apr.
2017.
Nike Air Jordan IV Retro „Motorsport“ e долго очекуваното реиздание на еден од најретките изаданија на AJ IV модели од 2006 година поврзано со Jo...
10.
Nov.
2016.
Сакате да носите нешто што е доволно свечено за капут, но доволно удобно за целиот ден? Ви се наметнува страта изрека „патика-чизма“! 
01.
Nov.
2016.
Asics GEL LYTE V е модел кој на светскиот пазар се појави во 1993 година, но на свoето реиздание чекаше цели 20 години, така да во 2013 година повт...
20.
Sep.
2016.
"Патиките ги дизајнирав со цел да бидат многу поедноставни, задржувајќи ги само најнеопходните делови", ова се зборовите на Dylan Raasch
13.
Sep.
2016.
Nike Air Max 90 прв пат е произведен во 1990 година со официјално име Air Max 3, во оригинална боја Hyvent Orange.Моделот кој сега ви го претставуваме е ново...