пребарај ја страната
07.04.2017.

NIKE AIR JORDAN IV RETRO

Nike Air Jordan IV Retro „Motorsport“ e долго очекуваното реиздание на еден од најретките изаданија на AJ IV модели од 2006 година поврзано со Jordan Motorsport тимот за нивната четири годишнина.

Nike Air Jordan IV е еден дизајн на Tinker Hatfield од 1989 година, и претставува прва Jordan патика која е пласирана на светскиот пазар. Првото реиздание е направено во 4 различни комбинации на бои, како и секое претходно, повторно инспририрани од кошарката.

Од страна на горниот дел на патиката се поставени отвори за вентилација во вид на мрежа како и дополнително зацврстување кое од петата се движи кон врвките и служи за да се затегнат врвките при што стапалото поцврсто се држи и овозможува максимална сигурност. На првата и последната дупкичка за врвките се поставени гумени естетски детали во облик на мрежа од кошаркарски обрач кои добиваат дополнителен ефект на стилот на овој наменски модел кој е атрактивен како за на терен така и надвор од него.

На овоа Motorsport издание е изоставен ликот на Mars Blackmon на петата, додека останатите елементи се идентични на првото издание. Горниот дел е изградено од кожа во бела боја со црни и Royal Blue детали.

Оваа година, Motorsport изданието е достапно во големини за целото семејство, така да без многу размислување „Do the right thing“.

слично

16.
Mar.
2017.
Nike за новата сезона подготви нов Premium пакет во кој ги вклучи трите најпопуларни ретро модели Nike Air Force, Air Max 90 и Air Huarache.
10.
Nov.
2016.
Сакате да носите нешто што е доволно свечено за капут, но доволно удобно за целиот ден? Ви се наметнува страта изрека „патика-чизма“! 
01.
Nov.
2016.
Asics GEL LYTE V е модел кој на светскиот пазар се појави во 1993 година, но на свoето реиздание чекаше цели 20 години, така да во 2013 година повт...
20.
Sep.
2016.
"Патиките ги дизајнирав со цел да бидат многу поедноставни, задржувајќи ги само најнеопходните делови", ова се зборовите на Dylan Raasch
13.
Sep.
2016.
Nike Air Max 90 прв пат е произведен во 1990 година со официјално име Air Max 3, во оригинална боја Hyvent Orange.Моделот кој сега ви го претставуваме е ново...