пребарај ја страната
17.05.2017.

Иднина преку минатото

Од време на време често мислам на иднината. Збор од шест букви кој може да има големо влијание на некој. Времето го трошиме чекајќи да видиме што ќе се случи. Чекаме нови можности и настани кои се поврзани со нас. Некако е себично, нели? На моја возраст, младите луѓе се плашат што може да им донесе иднината, се вртат кон минатото и живеат во него мислејќи дека таму се побезбедни. Секој човек различно размислува за иднината, за некои е добра, весела и радосна, а за други тажа и болна.

Јас секогаш бирам да се соочам. Чекањето за мене е да ја губам битката во која не сум се борела. Мојата иднина е креирана од мене, нејасна но вистинска, и единствени работи кои се позади мене се спомените. Остварувајќи ги моите желби и поставени цели, понекогаш морам да скршнам од долгиот и веќе познат пат со некој нов животен пат.
Но пред кршнување на новиот пат и остварување на големите желби треба да се запрашаме дали тоа ќе не направи среќни или се однесуваме себично трчајќи по сопствените сонови? Во расчекор помеѓу минатото и иднината, ние сме заглавени во сегашноста. Ако сега тргнеме по нешто во што длабоко веруваме може иднината да ни се промени, како што темната облека ја заменив со облека во боја. Искрено, сеуште не ги знам одговорите на прашањата но ако почнам денес да зборувам за приказната која сакам да ја живеам ќе ја видам креацијата на дело.


Tubular патиките кои ги носам на овој блог се направиени во 1980-тите во минатото. Направени како парики за кошарка кои се сместени во групата на популарни патики на Adidas. Како и да е, со новата и унапредена технологија на Tubular патиките кои се инспирирани од автомобилските гуми се дефинитивно пред своето време. Покажуваат колку и да изгледа минатото тмурно и лошо, можеме сегашноста и иднината да се направи како што ја замислуваме и посакуваме. И најмалата работа може да ви го промени животот. Во овој момент може да се случи нешто неочекувано што може да ве прати на патот на кој не сте го сонувале претходно, како и иднина некоја никогаш не сте ја замислиле.


#myfutureisbright,


Мими

слично

28.
Jun.
2017.
„Трчав три години, два месеца, 14 денови и 16 часови. Прилично сум уморен, мислам дека сега ќе си одам дома”. Ја запамтив оваа речениница уште о...
21.
Jun.
2017.
Ќе пробам на најлесен начин да ви кажам се што можам за TUBULAR, како новост во светот на патиките, а паралелно ќе ги навестам малите разлики измеѓу него и T...
14.
Jun.
2017.
Здраво луѓе. Помина многу време од мојата последна сторија, но тука сум пак.
07.
Jun.
2017.
Лично, јас сум тип на девојка за Air Jordan и Air Force патики. Но како можам да ги пропуштам обувките кои се потпишани лично од Rihanna. Ја имате единствена...
31.
May.
2017.
Во потрага по совршена летна патика наидов на Nike Air Huarache. Иако голем број луѓе, од тоа што можев да заклучам, секогаш ја избегнуваат и не ја ставаат н...