пребарај ја страната
News
16.04.2015.

NIKE AIR JORDAN IV RETRO OG

Nike Air Jordan IV, уште еден дизајн на Tinker Hatfield од 1989. Година. Прва Jordan патика која е пласирана на светскиот пазар, инспирирана од кошарката. Изданието е изработено во 4 различни комбинации на бои, повторно со новитети наменети за кошаркарите.

Модел кој ви го прествавуваме е редизајн од оргиналниот модел од првата серија на Nike Air Jordan IV Retro OG  со комбинација од бои White/Fire Red-Black-Tech Grey, познати како CEMENT или White Cement. Моделот до сега има два редизајна во 1992 година и 2012 година. На јазикот на моделот се наоѓа Jumpman логото, а на Heel Tab-от на петата за ова издание е вратен NIKE AIR брендингот, кој се наоѓа и на влошката на патиката.

На горниот дел се вметнати венталациони отвори во вид на мрежички како и подобрувањето на петата кое оди во правец на врвките и служи да се затегнат истите и стопалото да го држи на подлогата и да и дава максимална сигурност. На првите и последните дупчиња се наоѓаат гумени естецки детали во вид на обликот на мрежата на кошот кој даваат додатни ефекти на овој наменски модел и го прават исклучително атрактивен, како на теренот така и надвор од него.

Средниот дел на ѓонот опремен е со видлива воздушна комора предвидена да го смали оптеретувањето на зглобовите во тек на физичките активности, и го прави мек , а со тоа ја продолжува можноста со играње кошарка во однос на умор и болка.

Моделот доживеа многу реизданиа  во оргиналната боја, а тоа колку е популарен меѓу љубителите на Jordan моделите, сведочи дека и новите комбинации од бои стануваат многу барани. Секако најпопуларни се "Cement", "Breds", "Cavs", "Toro Bravo" i "Fear".
Како и многу  Retro AJ  моделите кој одамна ги преминаа својте граници на спортски наменски обувки и овој модел спаѓа во едни од култните и најбараните lifestyle моделите со кој луѓето го дефинираат својот стил.

слично

03.
May.
2017.
News
По изненадувањето што ни го приреди Chuck Taylor All Star II минатата пролет во дури 13 бои, Converse оваа сезона на обожавателите на овој култен модел им пр...
28.
Mar.
2017.
News
За триесеттиот роденден на Air Max во „Јавна соба“ во Скопје беше организирана и незаборавна изложба на Air Max, кои триесет години го доловуваат...
27.
Mar.
2017.
News
Nike Air Max 90 Ultra 2.0 Flyknit е последната верзија на AM90 моделот. Новото издание го спојува Flyknit материјалот кој се наоѓа на горниот дел од патиката...