пребарај ја страната
News
27.03.2017.

NIKE AIR MAX 90 ULTRA 2.0 FLYKNIT

Nike Air Max 90 Ultra 2.0 Flyknit е последната верзија на AM90 моделот. Новото издание го спојува Flyknit материјалот кој се наоѓа на горниот дел од патиката и новата верзија на Ultra ѓонот. 

Првото издание на моделот е лансирано во 1990 година, представувајќи го третиот АМ по ред со значајни технолошки иновации во однос на претходните модели, а во подоцнежните реизданија на моделот доделено е имато 90 по годината на првото издание. Nike AM90 е еден од моделите кои ги испратија сите технолошки иновации низ годините, а оваа година моделот го добива Flyknit изданието.

Flyknit технологијата е претставена во 2012 година, производ на повеќегодишно истражување и тестирање во доменто на наменските спортски обувки за трчање, а неколку години подацна технологијата е доведена до совршенство. Flyknit е процес на спирално машинско платење при кое целиот горен дел на патиките се плете од еден дел, а потоа се спојува со внатрешната постава.
Принципот на плетење е осмислен за да се намали тежината која е во повеќеслоен материјал и да се зголеми вентилацијата на ногата, па чувството при првото облекување на некој од Flyknit моделите е како да се облекле чорапи, а благиот ветер кои го чувствувате на нозете додека се движите со патиките ви овозможува уникатно доживување.

Ѓонот на патиките Ultra 2.0 е изграден од значително помека легура која е за 50% полесна од стандардните, со додаден цврст outsole дел на прстите и петата на патиката. Од долната страна на ѓонот се наоѓа AIR MAX комората која покрај основната функција во оваа нова средина ги прави патиките многу удобни и пријатни за носење.

Уште еден елемент кој допринесува за дополнителна удобност се и влошките на патиката кои се изградени од ортопедска пења која во потполност се прилагодува на обликот на стапалото.

Nike Air Max 90 Ultra 2.0 Flyknit е најлесен модел на AM90 до сега, а на основа на оваа карактеристика може да се каже дека оваа е идеален модел за претстојната сезона. Во вистински момент, во месецот во кој Аir Max го прославува 30. Роденден, редизајнираната силуета преставува вистинско освежување и сигурно еден од најдобрите избори за 30. годишнината од првиот Air Max.

слично

03.
May.
2017.
News
По изненадувањето што ни го приреди Chuck Taylor All Star II минатата пролет во дури 13 бои, Converse оваа сезона на обожавателите на овој култен модел им пр...
28.
Mar.
2017.
News
За триесеттиот роденден на Air Max во „Јавна соба“ во Скопје беше организирана и незаборавна изложба на Air Max, кои триесет години го доловуваат...
23.
Mar.
2017.
News
Го прославуваме 30. роденден на легендарните AIR MAX